ФУДБАЛ

„Никој не го тераше Нејмар да дојди во ПСЖ“

Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, објави дека ќе разговара со секој играч кој “не разбира што се очекува од него”.

Нејмар би можел да го напушти клубот од Париз ова лето, тврди „L’Ekip“ од добро информирани извори. Францускиот клуб е подготвен да го продаде напаѓачот ако добие задоволителна понуда, што значи дека Нејмар нема да замине за помалку од 222 милиони евра.

„Сакам играчи во тимот кои сакаат да бидат тука, кои се подготвени да дадат сè за да ја одбранат честа на овој тим“, рече Ал-Келаифи.

„Ќе разговараме со оние кои не го разбираат или не сакаат да го разбираат. Кога станува збор за Нејмар, постои договор кој мора да се почитува и никој не го присили да го потпише. Свесно дојде во Париз“ додаде Ал-Келаифи.

Договорот на Нејмар со ПСЖ истекува летото 2022 година