ФУДБАЛ

Никој не може да им застане на патот: Баварскиот гигант го освои и германскиот куп!

Баерн Минхен вечерва го совлада Баер Леверкузен со 4:2 во Берлин и со тоа го освои германскиот куп.

Баварците влегоа на овој натпревар како големи фаворити, и на крајот стигнаа до триумф и победа, и нов трофеј, без поголеми проблеми.

Сите дилеми околу победникот беа решени по 24 минути игра. Давид Алаба им донесе предност на Баварците со 1-0 со прекрасен слободен удар во 16-та минута, а Серж Гнабри го зголеми резултатот на 2-0 во 24-та минута.

Со резултатот 2:0 заминаа на полувремето, Баерн ја заврши работата без поголеми проблеми.

Третиот гол на натпреварот со голема помош на голманот на Баер го постигна Роберт Левандовски во 59-та минута за 3:0, а четири минути подоцна Апотекарите го намалија водството на 3:1.

Сепак, тие не успеаја да создадат никаква сензација до крајот. Баерн ја заврши работата, Левандовски постигна уште еден гол во 88-та минута за 4:1. Сè што успеа да направи Леверкузен, беше голот на Хаврц од пенал во мечот за конечни 4:2

За Баерн, ова е 20. трофеј од германскиот куп и нова двојна круна.