ФУДБАЛ

Никој не можеше да ги запре играчите на Атлетико на улица: Тие скокнаа во прегратките на навивачите (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид вчера ја освои 11. Шпанска титула.

Екипата на Диего Симеоне во последното коло го совлада Ваљадолид и стигна до титулата пред градскиот ривал Реал Мадрид, а по натпреварот имаше голема прослава на играчите на Атлетико.

Голем број навивачи на овој тим пристигнаа во Ваљадолид. Не можеа да одат на трибините, но го гледаа натпреварот пред стадионот „Хозе Зорила“.

Играчите на „јорганџиите“ решија да ја прослават титулата со нив. Тие истрчаа на улица и го прославија трофејот со своите верни придружници.

На крајот, многу од фудбалерите завршија во рацете на пресреќни навивачи, а ова е ден кој сигурно ќе го паметат.

Феноменални сцени од улиците.