ФУДБАЛ

Никој не покажува почит кон Барселона како Араухо, а тоа вчера им го докажа на сите

Вчера Барселона пред своите гледачи го победи Елче со 3:0 во натпреварот од шестото коло на Ла Лига.

Каталонскиот клуб ја оправда улогата на фаворит на вчерашниот натпревар и ја продолжи одличната форма во домашното првенство, бидејќи ова беше петта последователна победа на Барса во Ла Лига.

Денот на Елче беше потежок во 14. минута кога Верду доби директен црвен картон и беше јасно дека гостите тешко ќе ја сочуваат мрежата денеска против расположената Барселона.

На крајот Каталонците победија со 3:0 благодарение на двата гола на Роберт Левандовски, а во листата на стрелци се запиша и Мемфис Депај, кој постигна одличен гол во 34. минута од овој меч.

Сепак, по овој натпревар, дефанзивецот на домашниот тим Роналд Араухо беше во центарот на вниманието поради потегот кој ги воодушеви навивачите на Барселона.

Уругваецот стана столб на одбраната на Барселона и еден од главните играчи во тимот на Чави, а многу навивачи на каталонскиот клуб сметаат дека Араухо веќе ја заслужил капитенската лента.

Почитта што Араухо ја има кон клубот за кој настапува тој ја покажа на вчерашниот натпревар, а тој потег стана хит меѓу навивачите на Барселона.

Имено, на крајот од првото полувреме, кога една топка заврши во надворешното поле, по неа истрча Араухо, а потоа на општо изненадување скокна. На многумина не им беше јасно зошто го направи тоа, но забавеното видео ја откри мистеријата.

Од почит кон Барселона, Араухо го прескокна амблемот на овој клуб кој е насликан покрај теренот и не сакаше да го згази.

https://twitter.com/zjfcb_/status/1571154674568282112

„Сите знаат колку го ценам и го сакам овој клуб, знаат дека сум најголемиот навивач на Барса. Се додека можам да избегнувам да го прескокнам клупскиот грб, се додека можам да го прескокнам, ќе го правам тоа. – изјави Араухо по натпреварот.

ПОВРЗАНО

Ла Лига