Белгиецот Винсент Компани ја одби понудата на Манчестер Сити каде би работел како асистент на Пеп Гвардиола.
Оваа вест ја донесуваат белгиските медиуми и тие наведуваат дека Компани е под договор со Андерлехт до 2022 година.
Компани ја започна својата играчка кариера во Андерлехт, а потоа играше за Манчестер Сити десет години, но на крајот реши да се врати во Андерлехт.
Еден белгиски весник наведува дека Компани решил да инвестира многу пари во Андерлехт и сега се наоѓа во финансиски проблеми поради пандемијата на коронавирус.
Имено, тој ја извршува улогата на играч, спортски директор и акционер во овој клуб, а во моментов не сака да си замине.
Андерлехт ја заврши прекинатата сезона во Белгија на осмото место, што е невиден лош резултат.
Сепак, сите во клубот се надеваат на подобри денови и подобри резултати, вклучително и самиот Компани, кој поради тоа одби да се врати во Островот.