Планот на Интер за големо засилување на позицијата на офанзивен играч од средниот ред е речиси невозможно се додека во клубот е Жоао Марио. Португалецет е голем товар за клубот и тешко е да се испочитува финансискиот фер-плеј со договорот на Марио. Жоао Марио не му е потребен на Спалети, но е клучен фактор во доведување на нови играчи.
Интер се обиде на трампа, Жоао Марија за Пасторе, но Париз Сен Жермен одби. Тие дури и му го понудија на Манчестер Јунајтед Португалцот за Михитаријан. Сега тие се обидуваат со иста тактика и со Атлетико. Тие сакаат да го ангажираат Николас Гајтан, кој е на втор план по доведувањето на Витоло. Аргентинецот има понуди од Саутемптон, Ватфорд и Вест Хем , а Атлетико бара компензација од 20.000.000 евра. Интер го проценуваат Жоао Марио по повисока цена, па веројатно ќе побараат и пари, па затоа е малку веројатно дека Јорганџитте ќе ја прифатат оваа зделка.
Втора опција на Интер е тоа Португалецот да му го понудат на Севиља за Франк Васкез. Аргентинецот веќе играл во Италија и бил одличен во тандем со Дибала во Палермо. Но, во овој случај, вредноста на играчот на Интер е поголема. Плус, Жоао Марио има поголема плата, па финансиите исто така ќе бидат пречка …