Мануел Нојер ги доведе играчите на ПСЖ во очај во текот на натпреварот, а по победата додаде сол на раната.
Нојер е повторно стариот. Германскиот голман беше непобедлив во финалето на Лигата на шампионите, имаше неколку врвни одбрани и можеби е најзаслужен за шестата европска титула на Баерн.
Победата на Баерн беше сигнал дека може да започнат со славење и на улиците на Марсеј, бидејќи клубот сè уште е единствениот француски освојувач на Лигата на шампионите.
Објавата на Нојер по натпреварот особено ги воодушеви поддржувачите на Марсеј.
Имено, на фотографијата што ја објави на Инстаграм, Нојер го одбра „Веледром“, домот на Марсеј и најголемиот ривал на ПСЖ, како локација.
https://www.instagram.com/p/CEQAhS1oyB4/?utm_source=ig_embed
Поддржувачите на Марсеј тогаш го окупираа профилот на Нојер и му испратија голем број на честитки, но и благодарност за потегот што го направи.