Во рамките на 4. коло од Лигата на шампионите, ПСЖ вечерва му гостува на РБ Лајпциг.
Францускиот тим пристигна во Германија ослабен за Лионел Меси, кој нема да конкурира за вечерашната пресметка.
Еден од најдобрите играчи на сите времиња има проблеми со повреда на коленото и во овој момент не се знае кога ќе биде подготвен да се врати на терените.
За својата повреда проговори и тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино, кој истакна дека нема информации кога Меси би можел да се врати на теренот.
“Кога ќе биде подготвен? Се надеваме дека брзо ќе закрепне и брзо ќе биде со тимот. Во овој момент не можам да кажам ништо повеќе”, изјави Покетино.
Тренерот на ПСЖ го коментираше и вечерашниот натпревар во Германија.
„Мораме да победиме, имаме голема одговорност. Со добар пристап можеме да постигнеме победа“, изјави Покетино.
За крај да додадеме дека шпанските медиуми пишуваат дека Меси би можел да отпатува во Мадрид за да се опорави во клиниката „Цемтро“ каде што се опоравуваше во 2015 година по кинење на левите колатерални лигаменти.