Фудбалерите на Јувентус играат на гости кај Каљари во 32. коло од Серија А.
Каљари одлично го отвори вечерашниот натпревар на Сардинија и поведе со 1:0 во 11. минута, кога фантастичен гол постигна Жоао Педро.
После тоа Јувентус заигра многу подобро и ја презеде иницијативата на средината на теренот.
Старата дама израмни на 1:1 во 23. минута кога по ударот на Пелегрини топката го погоди Рабиот и заврши во мрежата. Фудбалерите на Јувентус го прославија голот, топката веќе беше во центарот, а потоа следуваше реакцијата на ВАР просторијата.
Имено, од ВАР собата му дадоа знак на судијата дека топката Рабиот го удрила во раката и дека голот е поништен.
Сепак, во Јувентус никој не може да поверува дека голот е поништен затоа што Рабиот беше свртен со грбот и топката го удри во лактот кој беше до неговото тело.
Рабиот немаше намера да игра со рака, ниту пак беше во некоја неприродна позиција, но во ВАР собата решија да го поништат тој гол и на крајот остана 1-0 кај Каљари.
https://twitter.com/i/status/1512872803573407756