ФУДБАЛ

Николов: Против Италија и Португалија покажавме дека можеме многу

Македонија се подготвува за натпреварот во Разград на гостувањето кај Бугарија во четврток иако селекцијата сѐ уште не е сто отсто комплетна, но максимално избраниците на селекторот Благоја Милевски работата на подготовката за „балканското дерби“ и напорниот распоред со четири меча во десет дена.

Бобан Николов – репрезентативец на Македонија:

„Кога доаѓаме да играме за македонската репрезентација, ништо не е тешко. Четири натпревари за десетина денови е премногу, но тука не можеме да влијаеме“.

„Нашата цел е првиот натпревар. Во овој момент не размислуваме за другите натпревари. Против Италија и Португалија покажавме дека можеме многу, но тоа е зад нас и сега треба да бидеме посконцентрирани за да потврдиме дека резултатите не беа случајни.