Јапонскиот тенисер Кеи Нишикори изјави дека посакува да му се одмазди на најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ за поразот во Мадрид.
Нишикори и Ѓоковиќ ќе играат во четвртфиналето на турнирот во Рим, а јапонскиот тенисер е исклучително мотивиран бидејќи со пласаман во полуфиналето ќе се врати меѓу 20-те најдобри тенисери во светот.
– Се надевам дека ќе му се одмаздам на Новак. Тој се враќа по повредата и ми е драго што е повторно тука. Секогаш е предизвик да се игра против него, нагласи Нишикори.
Во нивните меѓусебни дуели Ѓоковиќ води со 12:2.