Членот на управниот одбор на Барселона, Џоан Блејд ги демантираше гласините дека следната сезона, дресот на кошаркарскиот клуб Барселона ќе го носи Пау Гасол.
Одличниот 40-годишен кошаркар изрази желба да ја продолжи кариерата. Шпанските медиуми објавија дека Барселона е близу до договор со него, но очигледно нема да има ништо од тоа.
„Нема и нема да има преговори со Пау Гасол“; рече Џоан Блејд.
Гасол играше за Барселона од 1998 до 2001 година кога замина во НБА, а тој не игра кошарка од март 2019 година.
Пау има желба да се натпреварува на Олимпијадата следната година и ќе видиме дали тој ќе успее во тоа.