Фудбалскиот клуб Тотенхем е во потрага по тренер за следната сезона, а Џулијан Нагелсман веќе подолго време е во преден план.
Сепак, договор се уште не е постигнат, иако во изминатиот период се разговараше. Во меѓувреме, Тотенхем го смени привремениот менаџер и по Кристијан Стелини, тимот сега го води Рајан Мејсон.
Наскоро ќе треба да дојде и конечната одлука за новиот тренер, а освен со Нагелсман, Тотенхем наводно стапил во контакт и со стратегот на Феенорд Арне Слот, но малку се навестувањата дека тоа ќе се оствари. Слот се уште нема трофеј во својата тренерска кариера, не работел надвор од Холандија, па Тотенхем е малку скептичен околу ова.
Но, сега наводно до израз доаѓа Чаби Алонсо, човекот кој по доаѓањето го стартуваше Баер Леверкузен, создавајќи блескава серија резултати во изминатиот период. Шпанскиот стручњак оваа сезона се пресели во Германија, не му требаше многу време за приспособување и денеска е полуфиналист во Лига Европа.
Сепак, прашање е дали по едвај една сезона Алонсо ќе реши да го напушти средниот ред каде вложи многу труд и каде има простор за напредување.
