Кристијано Роналдо е решен да го напушти Манчестер Јунајтед пред крајот на преодниот рок.
Францускиот весник Le Parisien ја пренесе веста дека Жорге Мендеш, менаџерот на Роналдо, го понудил славниот Португалец на ПСЖ.
На Паркот на принцовите не размислуваа премногу и веднаш рекоа „не“ за трансферот, па ништо нема да дојде од познатиот тандем Меси – Роналдо.
Насер Ал-Хеалифи уште во 2016 година се обиде да го донесе Роналдо од Реал Мадрид, но тоа во тоа време беше невозможно.
Шефот на ПСЖ пред неколку недели изјави дека нема да има „луксузни“ засилувања во наредниот период, што значи дека вратата на Роналдо е дефинитивно затворена.
Португалецот не отпатува на турнејата во Азија со Манчестер Јунајтед, што е јасен знак дека повеќе не се гледа на Олд Трафорд.
Мендеш во наредните недели ќе има полни раце работа за да му најде клуб на Роналдо кој е подготвен да му плати 30 милиони евра по сезона.
Во моментов во игра се само Челзи и Баерн, но не треба да се исклучи опцијата ЦР7 евентуално да остане на Олд Трафорд.