ФУДБАЛ

Ништо од враќање на тренинзите: Реал Сосиедад на пауза до понатамошно известување

Реал Сосиедад е првиот шпански клуб кој требаше да продолжи со тренинзите од вторникот. Сега се чини дека од тоа нема ништо.

Тимот од „Сан Себастијан“ на социјалните мрежи ги најави индивидуалните тренинзи на нивните фудбалери во спортскиот центар, бидејќи локалната самоуправа им дозволи на работниците, како што се оние во индустријата и градежништвото, да одат на работа.

„Со оглед на тоа што владата одлучи дека работниците во другите индустрии можат да одат на работа, нашиот прв тим ќе има можност да ја продолжи својата индивидуална работа во нашиот тренинг центар. Ова во никој случај нема да биде групна работа”, рекоа од Сосиедад.

Сепак, можноста воведена од локалната власт не се однесува на фудбалерите и спортските настани.

 
„Сите спортски објекти, вклучително и фудбалските терени, остануваат затворени. Реал Сосиедад нема да тренира во вторник на својот камп“, велат медиумите.

Владата им дозволи на работниците да одат на работа откако стапката на ширење вируси достигна пониско ниво од избувнувањето на пандемијата.

Фудбалерите сепак ќе треба да почекаат официјално враќање на теренот.