Италијанските медиуми денес објавија дека Јувентус само чека Рамос да му се приклучи на нивниот тим во следниот преоден рок.
Имено, тие рекоа дека е постигнат договор, но немаше ништо, па барем тврди шпанска „Марка“.
Новинарите на „Марка“ се убедени дека сè е договорено помеѓу Реал Мадрид и Серхио Рамос и дека наскоро ќе биде потпишан нов договор.
“Серхио Рамос наскоро ќе потпише нов договор со Реал Мадрид и тоа не е ништо ново. Нема проблеми. Тој сака да игра за Реал Мадрид и Флорентино Перез го посакува во тимот”, стои во нивното соопштение.