ФУДБАЛ

Нисколигашот одлично го претстави Гризман, навивачите во делириум

Унион Депортиво Ибица, шпански второлигаш, реши да даде интересна објава.

Фудбалерот на Атлетико Мадрид и францускиот репрезентативец Антоан Гризман ги посети клупските простории и се сликаше покрај грбот на Ибица, што беше доволно за да направат луда најава во овој клуб.

Ги искористивме нашите последни ресурси, направивме се за ова да се случи“, стои во соопштението на УД Ибица покрај фотографијата на Гризман.

Клубот од Ибица го претстави Французинот како нов играч, но подоцна објасни дека сето тоа било дел од шега, но доволно за да предизвика делириум кај навивачите. Имаше и такви кои веруваа во сето ова.

„Можеби еден ден ова ќе биде вистина“, изјави УД Ибица.

Гризман има договор со Атлетико до јуни 2023 година.