Играчите на Ница победија повторно. Во натпреварот од осмото коло во француската лига го совладаа Сент Етјен на гости со 3:0.
По ремито и поразот во претходните два натпревари, Ница се врати на победничкиот пат.
Од почетокот на натпреварот гостите нападнаа, а Амин Гуири им ја даде почетната предност во 15. минута. И покрај бројните обиди на играчите на Ница, тоа беше единствениот гол во првиот дел од играта.
Набргу по почетокот на второто полувреме, Калвин Стенгс зголеми на 2:0.
Домашниот тим се надеваше дека ќе имаат добри шанси да го намалат заостанувањето, кога беше досуден прекршок во казнениот простор. Меѓутоа, по консултација со ВАР, судијата оцени дека нема основи за пенал.
Конечниот резултат го постави Анди Делор во 83. минута од натпреварот.
Ница е трета на табелата со 13 освоени бодови. Сент Етјен, десеткратниот шампион, е на дното со само три бода.