ФУДБАЛ

Ниту Чави не помага: Бетис носи полн плен од „Камп Ноу“ (ВИДЕО)

Реал Бетис денеска со 0:1 славеше против Барселона во 16. коло од шпанската Примера.

Првата шанса за гол ја имаше Кутињо во 10. минута, но Руи Силва извонредно го одбрани неговиот удар. Следната посериозна шанса ја видовме пред крајот на полувремето, а ја имаа гостите. Руибал собра едно додавање на работ од шеснаесетникот, но шутираше многу лошо.

Второто полувреме беше отворено со гол, но голот на Хуанми беше поништен поради офсајд. После тоа резервистот Дембеле имаше три шанси, но Французинот не успеа да го доведе својот тим во водство.

Казната стигна многу брзо. Поранешниот играч на Барселона, Кристијан Тељо е одличен асистент на Хуанми, кој ја погодува мрежата на Тер Шерген. Овој пат немаше офсајд и овој гол значеше големи три бода за гостите.

Само две минути подоцна Ел Абде имаше одлична шанса да ги израмни Каталонците, но од белата точка шутираше високо над голот.

Ова е прв пораз на Чави на клупата на Барселона во четвртиот натпревар. Има уште две победи и едно реми.

Со оваа победа Бетис стигна до 3. место со 30 бодови, додека Барселона остана седма со 23.

Претходно денеска Севиља го совлада Виљареал со 1:0, додека денеска ги чекаат натпреварите Атлетико Мадрид – Мајорка (18:30 часот) и Реал Сосиедад – Реал Мадрид (21 часот).