Новиот тренер на Барселона, легендарниот Чави посакува да го реконструира тимот во јануари. Сепак, за такво нешто нема да има пари, па ќе мора да продаде некој од актуелниот состав за да ја наполни клупската каса.
Според информациите од Каталонија првото „жртвено јагне“ на Чави ќе биде играчот за врска Френки де Јонг, кого Каталонците го купија пред две години од Ајакс за 75 милиони евра.
За Де Јонг наводно има интерес од Манчестер сити и Баерн Минхен, но останува да се види дали и колку пари ќе понудат овие тимови.