ФУДБАЛ

Ниту Пеп не можеше да го убеди, крај на една ера во Манчестер Сити!

Португалскиот фудбалер Бернардо Силва (31) ќе го напушти Манчестер Сити на крајот од сезоната, што е и официјално потврдено. Долго време се шпекулираше на оваа тема, а на „Етихад“ се надеваа дека ќе успеат да го натераат Силва да се предомисли, но во тоа не успеа ниту неговиот тренер Пеп Гвардиола.

Бернардо Силва така, по девет години, ќе си замине од Манчестер Сити, најверојатно во САД или Саудиска Арабија, каде што го очекуваат богати договори, а на „граѓаните“ им останува многу тешка задача да пронајдат фудбалер што ќе го замени.

Португалецот беше незаменлив откако пристигна во Сити од Монако во трансфер вреден точно 50 милиони евра во 2017 година. Иако во последните две сезони имаше пад во формата, тој и понатаму беше миленик на Пеп Гвардиола. Се чини дека совршено го разбираше неговиот фудбал и барањата што ги има од играчите на теренот, беше продолжена рака на својот тренер, но сега сепак дојде време за помладите — за нова генерација во Манчестер Сити.

ПОВРЗАНО

Светско првенство 2026