ФУДБАЛ

Ниту ПСЖ, ниту Барселона: Вилијан оди во Ливерпул?

Откако стана јасно дека Вилијан ќе го напушти Челзи, се појавија многу клубови кои сакаа да го доведат.

Неговиот договор со Челзи истекува на крајот на сезоната и ќе го напушти клубот како слободен агент.

ПСЖ, Барселона, Арсенал покажаа интерес за него, а сега во трката се приклучи и друг клуб од Англија, со можеби најдобра шанса да го донесе.

Станува збор за Ливерпул, кој, наводно, му нуди најдобри услови, со тоа што англиските медиуми објавија дека Ливерпул е следниот клуб на Вилијан.

Прашањето е дали ова значи заминување на еден од фудбалерите од нападот на Ливерпул, бидејќи знаеме дека особено Мане и Салах се барани играчи.