ФУДБАЛ

Ниту Роналдо, ниту Меси, ниту Модриќ: Буфон има свој фаворит за Златната топка

Италијанскиот голман Џанлуиџи Буфон верува дека оваа година неговиот клубски колега Килиан Мбапе треба да ја освои Златната топка.

Поранешниот голман на Јувентус ова лето стигна во редовите на ПСЖ и очигледно остана импресиониран од уметноста на Мбапе.

Буфон вели дека Мбапе ги има особините кои ретко ги има видено во неговата кариера.

“Мбапе феномен. Во Италија би можел да се спореди со Баџо, Тоти и Дел Пјеро, но има талент кој ретко го имам видено во текот на мојата кариера. Поради неговиот квалитет, од она што тој го прави на теренот и она што го стори на Светското првенство во Русија, мислам дека заслужува Златната топката. Не можам да кажам поинаку”, рече Буфон.

Се разбира, Мбапе е еден од кандидатите за Златната топка, која ќе биде доделена на 3-ти декември, но најголем фаворит за освојувањето на оваа награда е, Лука Лука Модриќ.