ФУДБАЛ

Ниту Салихамиџиќ не може да добие се што ќе посака, но знае како да ја искористи таквата ситуација

Поранешниот репрезентативец на Босна и Херцеговина, Хасан Салихамиџиќ (44) е еден од творците на моќниот Баерн.

Легендарниот Салихамиџиќ одлично си ја врши работата како спортски директор на баварскиот гигант и има голема заслуга за бројните трофеи кои пристигнаа во претходните години.

Сепак, иако има голема моќ на одлучување во клубот, не може да добие апсолутно се што ќе посака, па нема да му се исполни желбата да го доведе Усман Дембеле од Барселона.

Хасан е голем фан на францускиот фудбалер. Претходно клубот се обиде да го доведе, но ништо од тоа.

Раководството на клубот од Минхен моментално не е заинтересирано за Дембеле, но Салихамиџиќ би можел да го искористи неговото име за да го убеди Кингсли Коман да потпише нов договор.

Овој фудбалер за новиот потпис бара многу повеќе пари од актуелниот договор. Баерн не сака да му го даде и наводно името на Дембеле би можело да се користи во преговорите со Коман.

Баерн има интересни методи за преговори, но со често арогантни фудбалери понекогаш не може поинаку.