Вистински фудбалски спектакл беше виден синоќа на „Етихад“ во бараж натпреварот за осминафиналето на Лигата на шампионите меѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид. На крајот беа постигнати пет гола, а со оглед дека гредите се „тресеа“ на двете страни, можеше да има и повеќе. Сити поведе со голот на Халанд во 19. минута, а во 60. минута Мбапе со голема доза на среќа го израмни резултатот. Кога Халанд реализираше пенал во 80. минута и му донесе водство на Сити од 2-1, никој освен играчите на Реал не веруваше во пресвртот, но Кралевите успеаја да победат.
Во 86. минута Дијаз брилијантно се надоврза на акцијата на Реал и по одбраната на Едерсон, беше најснаодлив и израмни на 2:2, а во втората минута од судиското надополнување на вториот дел Реал оствари голема победа. Винисиус истрча сам до Едерсон и се обиде да го лобува, а Белингам ја следеше акцијата и ја испрати топката во празна мрежа за голема победа на Реал. Реваншот ќе се одигра следната среда на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.
ЛШ, плеј оф осминафинале/вторник
МАНЧЕСТЕР СИТИ – РЕАЛ МАДРИД 2:3
ЈУВЕНТУС – ПСВ 2:1
БРЕСТ – ПСЖ 0:3
СПОРТИНГ ЛИСАБОН – БОРУСИЈА ДОРТМУНД 0:3
СРЕДА
КЛУБ БРИЖ – АТАЛАНТА (18:45Ч)
СЕЛТИК – БАЕРН МИНХЕН (21:00Ч)
ФЕЕНОРД – МИЛАН
МОНАКО – БЕНФИКА
