ФУДБАЛ

Ниту Зидан, ниту Меси ниту Роналдо: Касиљас го избра својот најголем на сите времиња (ВИДЕО)

Понекогаш еден потег е доволен за да се реши големата дилема за многумина, вистински пример за тоа е Икер Касиљас.

Касиљас играше заедно со многумина во текот на својата кариера, но и против многу од најголемите фудбалери во историјата. Роналдо Да Лима, Лионел Меси, Зинедин Зидан, Кристијано Роналдо се само некои од нив.

Сепак, откако го виде потегот на Златан Ибрахимовиќ против Грузија, легендарниот Шпанец ги реши своите дилеми кој е најдобар досега.

Ибрахимовиќ навистина феноменално му асистираше на Виктор Класон, па Касиљас веднаш напиша на Твитер дека GOAT, во превод, најголемиот на сите времиња.

Швеѓанецот се врати во репрезентацијата на Шведска и уште еднаш покажа дека класа, без оглед на тоа што за неколку месеци ќе наполни 40 години.