Медиумите во Германија се убедени дека Мануел Ноер ќе го напушти Баерн.
На легендарниот германски голман му истекува договор со Баерн во летото 2021 година, но преговорите меѓу двете страни се заглавени и се повеќе е сигурно дека наскоро ќе следи разделба.
Пред неколку дена, „Билд“ објави дека агентот на Ноер ги напуштил просториите на Баерн по само четири минути, а сега се знае точно што ги спречува преговорите меѓу Баварците и нивниот капитен.
Водечките луѓе на Баерн, наводно, му нудат на Ноер договор за уште две години, додека тој сака до 2025 година, а секогаш прецизните Германци не сакаат да ги пробиваат финансиските димензии што би се случиле во тој случај.
Во Баерн веќе се подготвуваат да живеат без Ноер. Откако го донеле Александар Нубел од Шалке, во меѓувреме, тие преговарале со Марк-Андре тер Штеген, кој во моментов е незадоволен од неговата заработка во Барселона.
Од друга страна, се шпекулира дека, доколку го напушти клубот, Ноер веројатно ќе ја продолжи кариерата во Англија. Челзи е заинтересиран за него.