ФУДБАЛ

Ноер и Баерн сè уште се без договор, агентот има нов предлог

Со оглед дека Мануел Ноер е легенда на Баерн, сигурно е дека навивачите на овој клуб очекуваат тој да остане во овој клуб во наредните години.

Неговиот договор трае до 2021 година, а преговорите за нов договор се во тек.

Наводно, преговорите поминале многу добро, но тогаш предметот бил „запрен“ од агентот на Ноер, бидејќи сметал дека должината на договорот што го нуди Баерн не е доволно долго.

Сè уште не е познато каков договор Баерн му нуди на Ноер, и каков договор сака агентот на Ноер, но сигурно е дека медиумите во Германија ќе дознаат брзо.

Ноер во последно време има голем број несогласувања со администрацијата на Баерн, а останува да се види дали на крајот ќе се постигне договор.