ФУДБАЛ

Ноер ќе заврши во англискиот великан?

Искусниот голман Мануел Ноер ќе го напушти Баерн Минхен на крајот од оваа сезона, пренесува „Билд“.

Ноер одамна е поврзан со заминувањето на баварскиот гигант затоа што неговиот договор истекува на крајот на следната сезона.

34-годишниот и неговиот агент имаа неколку дискусии со раководството на клубот за продолжување на соработката, но досега не е постигнат заеднички јазик.

Ноер сака друг повеќегодишен договор, а Баерн нема намера да му понуди, а се чини дека е време сите да одат по свој пат.

Интерес за искусниот чувар на мрежата покажа лондонскиот Челзи. Сините имаат проблем на голманската позиција, бидејќи Френк Лампард го пречкрта Кепа Аризабалага и јасно е дека тој ќе мора да бара нов голман.

Изборот падна на Ноер и ќе видиме дали ќе биде постигнат договор. Германецот не треба да биде прескап за Сините, бидејќи влегува во последната година од договорот.

Инаку, Ноер пристигна во Баерн летото 2011 година од Шалке.