Александар Нубел ќе го напушти Баерн во наредниот период.
24-годишниот голман не играше минатата сезона заедно со Мануел Ноер.
„Единицата“ на Баерн не сакаше Нубел да застане на голот во помалку важни натпревари и му остави само четири натпревари на неговиот помлад колега минатата сезона.
Седењето на клупата не го задоволува Нубел, кој се надеваше на многу поголем број настапи по пристигнувањето од Шалке, и не сака тоа да му се повтори следната сезона.
Талентираниот голман одлучи да ги напушти редовите на баварскиот гигант и тој ќе замине на позајмица следната сезона.
View this post on Instagram
Монако покажува најголем интерес за Нубел. Се преговара за двегодишен заем, но не само принцовите го сакаат овој чувар на мрежата.
Францускиот шампион Лил бара квалитетна замена за Мајк Маињан, кој замина во Милан, и сметаат дека Нубел е идеален за неговиот тим.
View this post on Instagram
Одлуката за новиот клуб ќе ја донесе Нубел многу скоро и нема сомнеж дека тој конечно ќе има шанса да покаже што знае.
Наместо тоа, Баерн ќе го врати Свен Улејх (32), кој ја раскина соработката со ХСВ, на позицијата втор голман.