Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер може да го потпише Јувентус летово, пренесува „Франс Фудбал“.
Германскиот голман е во составот на Баварците од 2011 година, кога го напушти Шалке за да се приклучи на гигантот во Бундеслигата.
„Франс Фудбал“ сега известува дека 33-годишниот фудбалер би можел да го напушти Баерн на крајот на сезоната.
Тоа е затоа што тие веќе постигнаа договор со голманот на Шалке, Александар Нубел кој летово ќе биде член на Баерн.
Нојер во моментот има едногодишен договор со Баерн и како што пренесува „Франс Фудбал“, Нојер може да го напушти тимот наместо да се трка за место број 1 со Нубел.
Нојер досега има 362 настапи со Баерн во сите натпреварувања.