ФУДБАЛ

Норвешка испрати писмо до УЕФА: Не сакаме да играме против Србија!

Норвешката фудбалска федерација испрати писмо до УЕФА во кое се вели дека нема намера да го играат натпреварот од плеј-оф за Евро 2020 против Србија.

Норвешка и Србија требаше да играат полуфинален плеј-оф дуел во Осло на крајот на овој месец и натпреварот требаше да се одигра без публека.

Сепак, Норвешката Федерација не сака да игра, и затоа вели дека воопшто нема намера да го игра мечот заради коронавирусот.

„Сојузот е лојален на владата и нејзините одлуки и ограничувања и исто така има одговорност за ситуацијата во земјата. Затоа, сите активности на Сојузот за април беа откажани уште во вторникот наутро. Ова важи и за натпреварот со Србија на 26 март. Тоа е датумот кога беа забранети сите спортски активности во Норвешка“, се вели во соопштението на Сојузот, додавајќи:

„Ова значи дека не планираме натпревар тој ден. Ние ја информиравме УЕФА за ова со препорака на норвешките власти. Продолжувањето на задолжителниот карантин значи дека сите играчи кои доаѓаат во Норвешка ќе бидат ставени во карантин за 14 дена и ќе бидат карантинирани на денот на натпреварот. Сојузот не одлучува дали натпреварот со Србија ќе биде откажан или одложен. Тоа ќе го знаеме по телефонската седница на УЕФА на 17-ти март“.

Јасно е дека во оваа ситуација УЕФА нема друг избор освен веројатно да ги откаже сите плеј-оф натпревари, вклучително и оној во кој Македонија треба да игра против Косово.

Кога станува збор за коронавирус во Норвешка, треба да се спомене дека досега во таа земја се дијагностицирани 895 вакви случаи, што го прави на 10-то место во светот.