Во 2021 година, кога новите правила ќе стапат на сила во Формула 1, се очекува да дебитира нов тим. Станува збор за „Team Campos“, со болид кој целосно е произведен во Шпанија. Проект го започнаа Адријан Кампос и Салваторе Гандолфо, додека главен пилот се очекува да биде Германецот Паскал Верлеин заедно со Алекс Палу.
Вклучени во овој проект се и некои искусни светски ликови од Формула 1 како Питер МекКул, кој се очекува да биде спортски директор и Бен Вуд одговорен за аеродинамика. Овој болид во моментов се вози во Формула 2 и 3, но тимот сака да се прошири и во Формула 1.