ФУДБАЛ

Нов број за Гризман за нов почеток

Антоан Гризман конечно ќе го добие бројот што претходно го носеше на грбот.

Гризман играше за Атлетико и Сосиедад со бројот 7, но по пристигнувањето во Барселона бројот му припаѓаше на Филип Кутињо, па мораше да го добие 17. Сепак, кога Кутињо беше позајмен во Баерн, Французинот се обиде да го добие неговиот број, но Шпанската фудбалска федерација забрани.

Според сегашните прописи, сите играчи кои ја започнуваат лигата со одреден број не можат да го променат. Оваа сезона работите се променија и Гризман ќе го добие бројот 7.

Тој веќе даде одредени индиции дека сака да го носи тој број, поврзувајќи го со седум милиони следбеници на Твитер.

Гризман го носеше бројот 27 во својата прва сезона во Сосиедад, 17 во француската репрезентација до 21 година, како и во Барселона, и очигледно бројот 7 му значи многу.