ФУДБАЛ

Нов договор за Кјаер во Милан

Данскиот дефанзивец Симон Кјаер го продолжи договорот со Милан до 2024 година.

Искусниот стопер (32) од минатата година е член на Росонерите. Тој имаше договор до следното лето, но клубот реши да му понуди продолжување на соработката.

Причината се добрите игри кои Кјер ги пружи во меѓувреме. Со своето искуство значително придонесе минатата сезона да ја освои втората позиција во Серија А, и да се врати во Лигата на шампионите.

Данскиот репрезентативец кариерата ја започна во Митјиланд. Потоа играше за Палермо, Волфсбург, Рома, Лил, Фенербахче, Севиља и Аталанта.

ПОВРЗАНО

Серија А