Не му цветаат рози на Кристијано Роналдо во Саудиска Арабија! Уште еднаш неговиот тим не успеа да победи, овојпат ремизираше 1:1 со Ал Калија, а искусниот Португалец беше видно нервозен по мечот.
Еден од членовите на штабот на противничкиот тим беше многу упорен во намерата да се слика со Португалецот, а кога Кристијано се поздравуваше со противничките играчи, сакаше набрзина да направи селфи со играчот на Ал Наср. Тоа не му се допадна на Кристијан и го оттурна наметливиот член од персоналот!
Cristiano Ronaldo was not happy with an Al Khaleej staff member trying to take a selfie following Al Nassr's 1-1 draw 🤳❌ pic.twitter.com/11iH9gSHGp
— ESPN FC (@ESPNFC) May 9, 2023
На овој натпревар Кристијано Роналдо мина 90 минути на теренот, но не постигна гол и остана на 12 гола во првенството. Неговиот Ал Наср победи само на два од последните пет натпревари, а заедно со ова реми има уште едно реми и еден пораз. Моментално се втори на табелата со 57 бодови, дури пет помалку од првопласираниот Ал Итихад.
Кристијано потпиша долгорочен договор во Саудиска Арабија, а таму наскоро треба да му се придружи Лионел Меси, кој наводно се договорил за преселба во Ал Хилал.
