ФУДБАЛ

Нов кикс на Атлетико Мадрид: Тимот на Диего Симеоне повторно ремзираше

Депортиво Алавес и Атлетико Мадрид ги поделија бодовите вечерва на стадионот „Мендизореца“, бидејќи одиграа 1-1 во 11. коло од шпанската Ла Лига.

Атлетико имаше големи проблеми со формата до пред неколку дена, но таа приказна се чинеше дека заврши по победите против Баер Леверкузен и Атлетик Билбо.

Сепак, тимот на Диего Симеоне вечерва повторно кискна на релативно лесно гостување и потврди дека сè уште не излегол од криза.

Јорганџиите поведоа во 70-та минута со голот на Алвар Мората, но на седум минути пред крајот останаа без победа по голот на Перез.

По ова реми, Атлетико остана втор на табелата со 20 бода, а ова беше негово петто реми. Алавес, од друга страна, останува на 13-то место со 12 бода.

ПОВРЗАНО

Ла Лига