ФУДБАЛ

Нов план на Арсенал, дали е ова решение за Озил?

Германскиот играч од средниот ред не се враќа во првиот тим на „топџиите“.

Арсенал се подготвува се за големото дерби, екипата на Емери ќе игра на „Олд Трафорд“ против Манчестер Јунајтед, исклучително важен натпревар за двата тима, со оглед дека двата тима не се во првите четири, што е нивна цел за тековната сезона.

Арсенал е на три бода пред денешниот ривал, но значајните минути на Месут Озил не треба да се очекуваат ниту на овој натпревар. Во неколку наврати во текот на летото, клубот ја посочи намерата да се „ослободи“ од Германецот и неговата висока плата, но не успеа. Фенербахче, наводно, се загревале да го купат Месут, но тие се повлекоа поради финансиските барања.

Топџиите сега имаат јануарски план, сакаат да го пратат својот најскап играч на позајмица било каде, и со тоа да платат дел од платата на Озил.

Озил има уште две години од договорот со Арсенал, него, наводно, не му се бега од Лондон, но задржувањето на скапо платениот Германец на клупата не одговара на клубот. Останува да се види дали ќе има заинтересирани страни во следниот преоден рок.