Кристијано Роналдо одигра цели деведесет минути против Вест Хем.
Ова само по себе не би било новост, но фактот што тој нема одиграно цел натпревар од Премиер лигата од 13 август го прави настапот против „Чеканот“ важен за Кристијано.
Португалецот во неколку наврати беше блиску до преселба од „Олд Трафорд“. Тој ги разочара соиграчите со обидите да си замине, а потоа и Тен Хаг ја намали неговата минутажа. Англиските медиуми пренесуваат дека Роналдо доживеал нов пораз и тоа во теретана.
Имено, Португалецот секогаш бил најподготвен за игра во секој клуб. Ниту во Јунајтед немаше отстапувања, односно до доаѓањето на Каземиро.
Португалецот и Бразилецот повторно се соиграчи, се познаваат од времето во Реал. Касемиро е големо засилување, но и посилен од Роналдо во теретана. Играчот од средниот ред „крева“ дури 300 килограми на преса на ногата, додека Роналдо тоа го прави со 50 килограми помалку.
Роналдо има нов предизвикувач, јасно е дека нема да му биде должен на Касемиро.