Лондонскиот Арсенал денес потпиша нов договор со големиот напаѓач Габриел Мартинели.
Само два дена откако друг тинејџер Букајо Сака договори нов договор со клубот, денес беше потврден нов долгорочен договор за 19-годишниот Бразилец Мартинели.
“Јас сум многу среќен што Габи потпиша нов договор со нас. Тој е многу талентиран и нè импресионираше со неговите игри. Не можеме да чекаме тој да се врати подготвен и да го следи неговиот понатамошен развој”, рече менаџерот на клубот, Микел Артета.
🇧🇷 Gabriel Martinelli has signed a new long-term contract! ✍️
— Arsenal (@Arsenal) July 3, 2020
Мартинели доби вистинска шанса во Арсенал. Играше навистина добро, постигнувајќи 10 гола на 26 натпревари.
Тој стана член на Арсенал во 2019 година.