Интер денес објави дека новиот играч на тимот стана 19-годишниот напаѓач Даријан Малеш.
Швајцарскиот напаѓач со српски корени потпиша петгодишен договор со Интер, а меѓу „нероаѕурите“ доаѓа од тимот на Луцерн, кој доби пет милиони евра.
Минатата сезона, овој фудбалер одигра 19 натпревари во Швајцарската Супер лига. Постигна четири гола и имаше четири асистенции, но го привлече вниманието на Интер, кој на крајот го потпиша.
OFFICIAL: Inter Milan have signed Swiss striker Darian Males from FC Luzern for €4m. pic.twitter.com/4nnEvhkiMi
— Transfer News Central (@TransferNewsCen) September 16, 2020
Следната сезона Малеш веројатно ќе ја помине на позајмица во Џенова, но тоа сè уште не е официјално.