Арсенал и Барселона го договорија трансферот на Пјер-Емерик Обамејанг.
Габонецот денеска пристигна во Барселона, во текот на денот се водеа преговори, а клубовите конечно се договорија за се.
Арсенал се согласи да го позајми 32-годишниот напаѓач во следните шест месеци со опција да остане на Камп Ноу уште една година.
Барселона веќе му закажа лекарски прегледи на Обамејанг, тој се согласи на намалување на платата и до полноќ ќе се води трка со времето за комплетирање на неговиот потпис.
Обамејанг оваа сезона за Арсенал одигра 15 натпревари во сите натпреварувања, постигна седум гола и додаде две асистенции.
Да потсетиме, Дортмунд во зимата 2018 година од Борусија пристигна во Арсенал за нешто повеќе од 60 милиони евра.
За „топчиите“ одигра вкупно 163 натпревари и постигна 92 гола.