ФУДБАЛ

Нов проблем за Покетино, Рамос се повреди на тренинг

Додека постои неизвесност околу опоравувањето на Нејмар пред продолжението на натпреварувањето во Лигата на шампионите, Маурисио Покетино има нов проблем бидејќи се повреди и Серхио Рамос.

Серхио Рамос е во трка со време од 17 дена пред натпреварот помеѓу Пари Сен Жермен и Реал Мадрид во Лигата на шампионите откако се здоби со повреда на мускулот.

Рамос поголемиот дел од сезоната откако се пресели во Пари Сен Жермен ја мина на опоравување, а дури откако се врати на терените на тренинзите заработи нова повреда на мускулот, па сега неговиот настап против поранешниот тим е под знак прашалник.

Според француските медиуми, Рамос бил принуден порано да го напушти тренингот.

Реал на 15 февруари на Паркот на принцовите ќе игра во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите.