ФУДБАЛ

Нов сензационален трансфер во режија на Јувентус?

Челниците на Јувентус бараат да донесат напаѓач во следниот трансфер период, и се чини дека ја најдоа совршената „цел“.

Тоа е напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, кој би можел да игра во Италија следната сезона и да го носи дресот на Јувентус.

Тој пред неколку дена рече дека постои опција да го напушти Тотенхем и дека ќе го стори тоа доколку тимот не напредува.

Јувентус е подготвен да плати, но се чини дека од Тотенхем не сакаат да го пуштат, па од ден на ден ја подигнат цената.

Тотенхем наводно бара 105 милиони евра за Кејн, па затоа е тешко да се очекува Јувентус да плати топлкава сума на пари.