ФУДБАЛ

Нов скандал ја тресе Англија: Фудбалер обвинет за дури три силувања во еден ден!

Се чини дека фудбалерите не научија ништо од случајот со Менди, кој беше обвинет за осум силувања.

 

Неговиот живот драстично се промени по се што се случи, а фудбалот падна во втор план, а прашање е дали некогаш повторно ќе добие шанса да игра на професионално ниво.

 

Бурата за се уште не ни стивнала, а Англија ја потресе нов скандал, па и сега се во прашање нови силувања.

 

Имено, фудбалерот на Бартон Албион, Вилијамс Коколо на последниот ден од минатиот месец беше обвинет дека извршил дури три силувања во еден ден.

https://twitter.com/BNNUK/status/1565096557191475200?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1565096557191475200%7Ctwgr%5Eac22ac4d50f3f06e4c8fad06d16c354b309ce799%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportsport.ba%2Ffudbal%2Fwilliams-kokolo-skandal-silovanje%2F433207

Сите три злосторства наводно извршени се случиле во областа Бирмингем на 13 февруари 2022 година.

 

„Бартон Албион е свесен за обвинувањата кои се упатени кон нашиот фудбалер. Клубот разговараше со него, но клубот не е во можност да даде никакви коментари“, стои во соопштението на неговиот тим.

 

Коколо кариерата ја започна во Монако, по што следеше трансфер во Англија.

 

Прво играше за Сандерленд, а зимата 2022 година го облече дресот на неговиот сегашен клуб Бартон Албион.

 

Сепак, прашање е што ќе се случи со неговата кариера со оглед на работите кои во моментов му се наплаќаат.