Челзи минатата недела му врачи отказ на Томас Тухел како менаџер, а многу брзо пристигна нов тренер.
Секако, како што сите знаат, токму човекот кој го оживеа Брајтон, Греам Потер, ќе го има најголемиот предизвик во кариерата.
Иако има тим со мега ѕвезди, Потер оваа сезона нема да ја има титулата како главна цел во својот нов клуб.
Имено, челниците на клубот ги оставија истите очекувања кои ги имаа за Томас Тухел, кој е едно од првите четири места.
Јасно е дека главната цел на Челзи е да игра во Лигата на шампионите, а со оглед на тимот што го имаат, тоа не би требало да биде преголем проблем.
Сепак, останува да се види како новиот тренер ќе се снајде во својата улога и какви резултати ќе има тимот со него на кормилото.
Челзи плати огромни пари за човекот кој побара да ја има улогата на тренер
Интересно е што Потер одбил да биде менаџер во Челзи, и ја прифатил улогата на тренер во тимот.
Поради ова во Челзи ќе пристигне нов спортски директор кој ќе има различни функции во клубот, а како ќе изгледа сето тоа останува да видиме.
Со оглед на тоа што Потер ја одби улогата на менаџер, се чини дека Челзи „дебело“ плати за неговото доаѓање.
Имено, Брајтон ќе инкасира 21 милион фунти плус одредени бонуси за Потер, но и луѓе од неговиот стручен штаб.
Покрај Потер, во Челзи заминуваат и Кајл Меколеј, кој е експерт за доведување нови лица во клубот, Били Рид кој е прв асистент на Потер и Бјорн Хамбург кој е тренер на првиот тим.