Во јуни продолжи маратонскиот циклус на Лигата на нациите.
Вечерва се одиграа девет натпревари во четири лиги.
Во Лигата А, Португалија ја совлада Чешка со 2:0 головите на Кансел и Гуедес, додека Шпанија беше подобра од Швајцарија со голот на Сарабија со 0:1.
Во Лигата Б, Србија оствари нов триумф, овојпат со голот на Јовиќ славеше против Шведска со 0:1. Во истата група Норвешка и Словенија ремизираа 0:0 со непопуларен резултат.
Видовме сензација во Лигата Ц, Гибралтар ремизираше со Бугарија 1:1, додека во Приштина Косово беше подобро од Северна Ирска со 3:2.
Во соседното дерби Грција го декласираше Кипар со 3:0, а лоша ноќ беше во Скопје, каде Македонија беше поразена од Грузија со високи 0:3, па Грузијците продолжија со серијата одлични резултати.
Во единствениот натпревар од Лигата Д од вечерашната програма, Естонија како гостин ја совлада Малта со 1:2.