ФУДБАЛ

Нов удар за Барселона: Самуел Умтити е повреден?

Синоќа Барселона го совлада Бетис со 3:2 во 23-то коло од шпанската Ла Лига.

Каталонците успеаја да дојдат до три бода по пресвртот. Бетис водеше во два наврати, но домашната екипа не успеа да ја запре Барса, која славеше со 3-2 на крилјата на Лионел Меси.

Сетиен не можеше да смета на Пике синоќа поради жолти картони, а Самуел Умтити и Ленглет играа дефанзивно. Но, голем проблем е што Ленглет доби црвен картон и нема да игра на следниот натпревар, а под прашање е и Умтити.

Така, Пике сега е единствениот избор во стоперската позиција и Сетиен ќе биде принуден да бара решение во Барса Б. Имено, „Мундо Депортиво“ утрово објави дека Умтити повторно има проблеми со коленото.

Францускиот дефанзивец не тренираше утрово затоа што не се чувствува добро. Коленото му е отечено и ќе биде испитано денес за да се утврди степенот на неговата повреда. Но, многу е сомнително дека тој ќе биде подготвен за викендот и против Хетафе.

ПОВРЗАНО

Ла Лига