ФУДБАЛ

Нов удар за Јуве, повреден Данило

Бразилскиот фудбалер и играч на Јувентус, Данило заработи повреда на левата надколеница и ќе отсуствува од терените три недели, соопшти денеска торинскиот клуб.

„Данило, по повредата што ја заработи во репрезентацијата, беше потврдена со прегледи кои открија лезија на бицепс на левата надколеница“, се вели во соопштението на Јувентус.

Данило се повреди на натпреварот на Бразил против Венецуела, во квалификациите за Светското првенство во 2026 година.

Играчот го започна процесот на рехабилитација со цел да се врати на натпреварувачките активности“, се додава во соопштението на Јувентус.

По осум кола Јувентус е на третото место во италијанската Серија А.

ПОВРЗАНО

Серија А