ФУДБАЛ

Нова акција на навивачите на Јунајтед: Автобусот на Ливерпул блокиран со автомобили

Манчестер Јунајтед и Ливерпул вечерва треба да одиграат големо англиско фудбалско дерби на „Олд Трафорд“.

Натпреварот што требаше да се игра на 2 мај беше одложен за вечерва поради големите немири и упадот на навивачите на Јунајтед на „Олд Трафорд“ поради протестот против сопствениците на клубот, семејството Глејзер.

По немирите во Театарот на соништата, играта беше одложена, а пред вечерашниот дуел повторно имаше проблеми предизвикани од навивачите на „црвените ѓаволи“.

Тие со автомобили го блокираа преминот на автобусот со играчи на Ливерпул на улица, а играчите на „црвените“ може да доцнат на натпреварот доколку не се реши проблемот.

https://twitter.com/nanizuby17/status/1392884288673222657

Пред улиците на Манчестер има големо полициско присуство пред овој дуел. Тие се многу повнимателни од минатиот пат кога беа шокирани по упадот на навивачите на теренот.